Мицкоски: Нова инвестиција на Gentherm од 30 милиони евра

Сподели:

Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

“Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Gentherm – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со својот план за процесот на проширување на своето производство токму овде. Gentherm со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме – дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високоинтегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, Македонија ќе стане регионален хаб на Gentherm за Европа.

Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа – расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење, умеење и труд.”

Сподели: