Мицкоски-Села: Потврдена меѓусебната поддршка во вториот круг

Сподели

 

На денешната средба лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села и ја потврдија заемната поддршка во вториот круг oд локалните избори за општините за кои имале договор за првиот круг.

На средбата било разговарано за анализа на изборните резултати од првиот изборен круг и била реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг. Според ВМРО, на средбата било посочено дека потребни се промени и нова иднина која ја очекуваат граѓаните.