МНР: Евакуација на 119 патници вечерва од Дубаи

Сподели:

Денес од Дубаи се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток, информираат од Министерството за надворешни работи.

Летот е предвидено да слета попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.

Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.

извор/фото МНР

Сподели: