Вести Македонија

Мобилни тимови на Црвен крст ќе делат вода и ќе мерат притисок на граѓани низ Скопје

Сподели:

 

Мобилни екипи на Црвениот крст составени од лекар или парамедик денес и утре ќе патролираат низ Скопје. Волонтерите ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, соопшти Црвениот крст на град Скопје.

 

За теренските активности за справување со евентуални топлински бранови ќе бидат ангажирани 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи кои со пет возила кои ќе патролират низ градот. Планирано е денеска и утре мобилните тимови да излезат на терен од 11 до 16 часот и да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжаат согласно прогнозите за високите температури.

Тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје и оваа година активно се вклучува во активноститеза превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите.

„Со пропаганден материјал волонтерите од тимот ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и ќе бидат активни во давање совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат прва помош доколку е потребно“, наведено е во соопштението.

Сподели: