МОГЕРИНИ И ХАН: ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ЛИДЕРИТЕ ЗА ПОСТИГНАТИОТ ДОГОВОР

Сподели

federica-mogherini

– “Ја поздравуваме одлуката на политичките лидери за постигнагиот договор и сите важни одлуки кои ги постигнаа денес, вклучително договор да се одржат избори на 11 декември, како дел од договорот постигнат минатата година – стои во заедничка изјава на високата претставничка на Европска унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

-Ги повикуваме политичките партии да обезбедат атмосфера и Кредибилни услови за одржување на пред изборен процес, и се надеваме дека по изборите следната влада ќе се врати на евроатланскиот пат и вредности – нагласуваат тие.

Johannes Hahn, Member of the EC in charge of Regional Policy

– Во интерес на сите граѓани, ги повикуваме партиите што поскоро да се вратат на реформите и особено на итните реформски приоритети.
Имплементацијата на овие приоритети треба да биде што поскоро. Европската унија ќе продолжи да го поддржува овој процес и враќањето на земјата на евроатланскиот пат – стои во заедничката изјава.