Могерини ќе има средби со невладиниот сектор, со пратеничките групи и со Иванов

Сподели

Шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини поради откажаното слетување на нејзиниот авион во Сараево, порано ќе допатува во Скопје.

Могерини првата средба во 14 часот, ќе ја има со претставниците на невладиниот сектор во седиштето на делегацијата на ЕУ во Скопје. Втората е во 15 часот е со пратеничките групи македонското собрание, во 16 часот ќе се сретне со Ѓорѓе Иванов, додека во 16.45 часот ќе одржи говор пред студенти во Македонската опера и балет.

При крајот на нејзината посета, Могерини денеска во 16.45 во седиштето на ЕУ во Скопје ќе даде изјава за медиумите.