Могерини: На ЕУ и е потребна нова стратегија

Сподели

federika-mogerini

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска на земјите-членки на унијата им ја испратила новата Глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Таа формално ќе ја претстави стратегијата на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи оваа недела во Брисел.

Стратегијата подготвена и елаборирана од Могерини, како што е наведено, нуди стратешка визија за глобалната улога на ЕУ.

Таа, според наведеното, е резултат на отворен и транспарентен процес и дека во последните година дена биле одржани детални консултации во државите членки на ЕУ, европските институции, меѓу кои Европската комисија и Европскиот парламент, европските граѓански организаци и тинк-тенковите.

„Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени во прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот му е потребна силна ЕУ како никогаш досега. Во овие времиња полни со предизвици, силната Унија е таа која размислува стратешки, ја дели визијата и делува заедно. Тоа е уште повистинито по британскиот референдум. Ние навистина ќе мораме да го преиспитаме начинот на кој работи нашата Унија, но ние точно знаеме на што треба да работиме. Ние знаеме кои се нашите принципи, нашите интереси и нашите приоритети. Ова не е време за неизвесност: на нашата Унија и е потребна стратегија. Потребна ни е заедничка визија и заедничка акција“, вели Могерини.

Могерини: На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија