Могерини: Тероризмот е глобална заканa и сите треба да се бориме против него

Сподели

thumbs_b_c_830444c86036b003e6388fba3970d43b

БРИСЕЛ (АА) – Претставниците на Европската Унија (ЕУ) по заложничката криза во Бангладеш во која се убиени 20 странски државјани повикаа на меѓународна борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Високата комесарка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, упати пишано соопштение по повод нападот во ресторанот во Дака.

„Тероризмот е глобална закана и како меѓународна заедница сите заедно треба да се бориме против тоа ” , изјави Могерини која истакна дека меѓу загинатите се и ранети странци, меѓу кои и Европјани, но и државјани на Бангладеш.

Високата комесарка Могерини изрази сочуство на семејствата на загинатите меѓу кои се наоѓаат и припадници на безбедносните сили и додаде дека ЕУ се солидализира со властите на Бангладеш и народот на таа земја, како и народите на земјите чиии државјани се исто така убиени.

Нападот е извршен синоќа во ресторан во дипломатскиот кварт Дака. Заложничката криза траеше десет часа, а за време на спасувачките екипи утрово полициските сили убиле шест милитанти и спасиле 13 заложници.

Италијанските медиуми наведуваат дека меѓу загинатите се наоѓаат и државјани на таа земја. Наводно на почетокот на нападот во ресторанот се наоѓале седум Италијанци, но не е познато дали успеале да се спасат.

SITE Intelligence Group објави дека одговорност за нападот на ресторанот „ Холеј Артисан” презела терористичката организација ДАЕШ.