Вести Македонија Ударни вести

MТСП воведува надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата воведуваме надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка. Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.

Во новиот Правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така е подобрен и целиот текст на самиот Правилник.

Линк до правилникот: http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2019pravilnici/Pravilnik_lista_telesni_ostetuvanja.pdf

Сподели: