МВР 24 часовен Билтен

Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(47) и С.Ј.(37), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.04.2023, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој го набавил од првопријавениот.  

На 02.05.2024 во 22.00 часот полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле С.А.(25) од Скопје, поради тоа што околу 21.40 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Центар со остар предмет им се заканувал на Ѓ.К.(30) од Скопје и на уште едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 03.05.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Р.(56), Н.Р.(26), двајцата од Скопје и Б.Х.М.(63) од Кавадарци, од една страна и Б.И.(40) од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 03.05.2024 во 02.29 часот во Полициската станица Кочани, Б.С.(38) пријавил дека околу 00.15 часот пред угостителски објект во Кочани бил физички нападнат од Ж.Ж., двајцата од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.05.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.М.(40) од с.Волково, скопско, пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Карпош, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од М.Т., Г.Ѓ. и уште едно лице, кои користеле тврди предмети и му го оштетиле неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.05.2024 во 10.02 часот во ОВР Виница, од Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Д.(61) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фирма во Виница. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница и известен бил трудов инспектор

На 03.05.2024 во 17.40 часот полициски службеници од ОВР Виница, во виничко го лишиле од слобода С.Ѓ.(37), постапувајќи по претходна пријава според која физички ја нападнал неговата сопруга, а приведена била и С.Ѓ.(25), затоа што со остар предмет упатила закани кон нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.05.2024 во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со огнено оружје кон вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(57) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.04.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени неколку пластични садови со растението канабис.

На 02.05.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје, А.Г.(32) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект во с.Долна Матка, скопско, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, О.Р. од Скопје му се заканил со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.05.2024 во 17.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Р.(35) и Т.А.(38), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.