Вести Македонија Ударни вести

МВР: 52 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час

Сподели:

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државатана 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за  самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци.

Сподели: