Вести Македонија Ударни вести

МВР: 620 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Сподели:

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 620 прекршоци.

Сподели: