Вести Македонија Ударни вести

МВР: 805 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Сподели:

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци.

Сподели: