МВР: 88 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.