МВР: Не е познато во каква состојба се двајцата планинари што исчезнаа на Ниџе

Сподели

Денеска околу 03.00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, било пријавено дека на две лица-планинари (кои биле дел од група планинари) од Република Македонија (едно машко и едно женско лице), им се губи трагaтa на планината Ниџе.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата. Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, на двајца нивни членови им се губи трагата.

За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби. Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија. За сега, не е познато во каква состојба се планинарите.