Вести Македонија Ударни вести

МЗ: На Инфективна нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници

Сподели:

 

Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Министерство за здравство.
 
Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање. 
 
Во моментов се организира  епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
 

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници.

Сподели: