МЗ: Унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија

Сподели:

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржи работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија.

Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата со боледувањата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата.

На работилницата присуствуваа и претставници од лекарските здруженија, како и експерти од Словенија, кои дадоа дополнителен стручен придонес во процесот.

Воедно, учествуваа и партнерите во економско-социјалниот дијалог – Министерството за економија и труд, синдикатите, работодавачите и стопанските комори, претставници на Државниот инспекторат за труд, Министерството за социјална политика, Министерството за дигитална трансформација, како и претставници на здруженијата на пациенти.

Сподели: