Вести Македонија Ударни вести

МЗ: Упатство за закажување на тестирање за коронавирус кај матичен лекар

 

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Исто така апелираме да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно.

Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку “Мој Термин” на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин.

Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитна опрема и по можност не доаѓаат со јавен превоз.

По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна  секојдневна комуникација со матичните лекари  и со сестра и доктор  од клиниката за инфективни болести.

Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот – се наведува во соопштениеѕо на СДСМ.

Сподели: