МЗ: Успешно заврши трансплантацијата на бубрези на УК за урологија

Сподели

Дваесет и седум годишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија. Во момнетов во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор. Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести.