На 112 примени над 8.300 повици од граѓани по невремето

Сподели:

Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17 до 21 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, беа примени повеќе од 8300 повици.

Операторите на 112 работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби.

Доколку граѓаните не успеале веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на денешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби.

Сподели: