Вести Македонија Ударни вести

На 22. декември почнува судењето за „Тврдина-Таргет“

Сподели:

Кривичниот суд ја закажа главната расправа за предметот „Тврдина таргет“ и на 22. декември се очекува поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков за прв пат да се појави во суд и да седне на обвинителна клупа.

За овој предмет кој се однесува на масовното прислушување, обвинети се и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни Гордана Јакулоска и бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски и уште шест лица.

Тие се товарат дека формирале злосторничко здружување и преку злоупотреба на опремата во УБК прислушувале илјадници граѓани. Со цел да ги прикријат трагите од масовното следење на комуникациите обвинетите се товарат и дека ги уништиле системите за прислушување.

Еден од обвинетите за прислушувањето призна вина и е осуден на условна казна затвор.

Токму за овој предмет на поранешниот началник на петата управа Грујевски и неговиот Колега Бошкоски, им беше определен притвор по што се дадоа во бегство. Беа фатени во Грција, а во тек е постапката за нивна екстрадиција во земјава. Грујевски е веќе осуден во отсуство на една и пол година затвор за предметот „Тврдина 2“.

Од скопскиот Кривичен суд информираат дека за „Таргет-Тврдина“ рочиште е закажано и за 17. јануари 2018 година.

Сподели: