Вести Македонија

НА 28. СЕПТЕМВРИ ПРВ СТУДЕНТСКИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА СПУКИМ

Сподели:

Идната среда, студентите од УКИМ по пат на референдум ќе одлучуваат дали Студентскиот парламент да стане дел од Универзитетот – информираа денеска на прес конференција од Студентски пленум.

10958929_1595903450639938_8879046492206825874_n

 

Студентскиот пленум денеска најави дека на 28 септември, за првпат организира неформален студентски референдум, со прашањето: „Дали СПУКМ треба да остане невладина организација или дел од УКИМ?“.

„Според статус квото, моментално такво какво што е, Студентскиот парламент претставува невладина организација. Студентскиот пленум смета дека е крајно нелогично Студентскиот парламент кој ги претставува факултетите на еден државен универзитет, да биде невладина организација односно да не биде дел од самиот универзитет, каде што студираат студентите коишто ги претставува истиот“, изјави студентот Петар Бакалов.

 Според Борјан Ефтимов пак, референдумот иако е неофицијален и не е обврзувачки, ќе предизвика морална обврска кај сенаторите при донесувањето на одлуката за студентското претставничко тело да ја почитуваат одлуката на студентите.

„Имено, апсурдно е во време кога говориме за високо образование ориентирано кон студентот, гласот на студентите воопшто да не биде слушнат при одлучувањето за студентско претставничко тело. Со тоа, ќе биде воспоставена котрола која ќе го спречи самоволите во СПУКМ“, додаде Ефтимов.

Пленумци најавија дека пред самиот референдум ќе одржат информативни кампањи. В понеделник тие организираат јавна дебата на Правниот факултет, каде што освен говорниците кои ќе ја застапуваат идејата на референдумот, ќе бидат поканети и претставници кои ќе ја застапуваат идејата за студентско претставничко тело како невладина организација, со што ќе им се овозможи на студентите да ги слушнат и двете страни.

извор: канал77

Сподели: