На 5. јули во Собрание повторно ќе се гласа за Договорот со Грција

Сподели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и координаторите на пратеничките групи на денешната координативна средба договориле собраниска седница на која повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за спорот за името ќе се одржи на 5.јули.

За да го изгласа законот за ратификација на Собранието му е потребно мнозинство од 61 глас „за“. Доколку повторно се изгласа, договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише

Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и 40 „против“, а истиот ден тој беше потпишан од страна на Џафери и испратен до Кабинетот на Иванов, кој како што најави го врати законот во предвидениот рок без да го потпише Указот.

Минатата недела во Собранието беше доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот.