Музика и Филм

Актерот Роџер Мур, најшармантниот Џејмс Бонд денеска почина

Сподели:

Британски актер Роџер Мур, познат по улогата на Џејмс Бонд која ја играше во седум филмови, почина во 89. година од животот. Информацијата за неговата смрт ја потврди семејството на Мур, на Твитер, каде пишува дека Роџер Мур починал по „кратка, но храбра борба со карциномот”.

BBC јави дека Мур починал во Швајцарија.

„Со тешко срце мораме да ја поднесеме жалната вест дека нашиот татко, Сер Роџер Мур, денес почина. Многу сме погодени”, наведено е во пораката на неговите деца на Твитер, во којашто додаваат: „Ти благодариме татко, што беше посебен кон толку голем број на луѓе”.

Освен култниот серијал „Џејмс Бонд“, тој оствари главни улоги во филмовите „Човекот со златен пиштол“ (1974.), „Шпионот кој ме сакаше“ (1977.), „Операција Вселена“ (1979.), „Само за твоите очи“ (1981.), „Octopussy“ (1983.) и „Поглед на убиство“ (1985.), кои исто така му донесоа извонредна светска популарност, но и критики дека ликот на Џејмс Бонд се свртел кон пародија. По повлекувањето од серијалот за Џејмс Бонд поретко глумеше во филм и воглавно се посвети на хуманитарната работа.

Сподели: