Вести Македонија

Наредниве денови ќе се прска против комарци од земја и авионски

Сподели:

 

Град Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци.
 
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. Додека авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови.
 
Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Сподели: