Нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка

Сподели

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Д.(48) од Штип и против правно лице со седиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,комар“. Во простории на спортска обложувалница во Прилеп, пријавените овозможиле на 17-годишник да ги користи услугите на обложувалницата, кој подоцна оштетил еден од апаратите за игри на среќа. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.К.(58) од с.Ростуше, со живеалиште во с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Во 2024 во населбата Венец во Дебар, пријавениот узурпирал земјиште во државна сопственост на тој начин што на катастарска парцела изградил објект без соодветна дозвола.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.У.(28) од с.Десово, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 27.11.2024 бил извршен претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и патрони за ловечка пушка, а по извршени проверки било констатирано дека пронајдената пушка била сопственост на лице од с.Сенокос и на 01.07.2024 било пријавено дека е украдена. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.04.2024 на паркинг простор во Охрид бил извршен преглед над пријавениот, кој пред неговото возило фрлил кесичка со кокаин, по што бил извршен и претрес во возилото и неговиот дом и бил пронајден и одземен кокаин.

Надворешната канцеларија за криминалистички Дебар поднесе кривична пријава против А.П.(67) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Пријавениот узурпирал туѓо земјиште на тој начин што на дел од катастарска парцела во сопственост на правно лице направил објект, односно бетонска подлога без одобрение за градба.

На 22.06.2025 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(45) од Кавадарци, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 22.06.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„12 Македонска бригада“ и ул.„Илија Димовски-Гице“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.06.2025 во 11.45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран, мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од с.Негорци, гевгелиско, удрил во 60-годишната Ј.Н.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

На 22.06.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.Ѓ. од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка К. Ѓ.(12). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 23.06.2025 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(41) од с.Батинци, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека поради семејно недоразбирање, заедно со М.А. од Батинци физички го нападнале И.Д.(35) од Батинци, при што М.А. со пиштол го удрил по главата. Претходно, Т.А. во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.Д.. Пo целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.06.2025 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58), сите од Скопје, затоа што околу 11 часот на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.      

Денеска (23.06.2025) околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(28) и Б.М.(51) од една страна и И.С.(38) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, К.С.(35) од Скопје пријавила дека била физички нападната од Б.М.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.06.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, З.С.(64), Т.Д.(54), М.С.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

На 21.06.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(21) и Е.Ф.(44), од една страна и Б.Б.(38) и И.Б.(43) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 22.06.2025 во 23.15 часот во СВР Скопје, Џ.К.(23) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од Д.„Н“. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 22.06.2025 во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир настанала расправија помеѓу М.Х.(35) и Е.Џ., двајцата од Скопје, по што Е.Џ. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 22.06.2025 во 16.30 часот во водите на Охридското Езеро, на околу 200 метри од брегот наспроти плажа Лагадин, полициски службеници од Полициската станица  за граничен надзор Охридско Езеро, поради сторен прекршок по член 70 од Закон за внатрешна пловидба, го привеле Д.Ј.С.Т.Ј.(24) од Велика Британија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

извор/фото МВР