Недела на сестринството: “Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме втората најубава работа по ангелите“

Сподели

 

Од денеска 5. мај до 12 мај ќе се одбележува Недела на сестринството, под мотото “Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“- ова е слоганот на ЗМСТАС – ЗА НАС.

“Од 5-ти до 12 мај годинава ќе трае нашето одбележување на Неделата на сестринството во која годинава ќе изостанат средбите и свеченостите, со оглед на тоа што како медицински работници сме во првите редови во борбата против Корона вирусот во нашата земја.

Ве покануваме доколку сте во можност да се вклучите во нашите активности за одбележување на Неделата на сестринството, во годината 2020 која истовремено е прогласена и за Светска година на сестринството.

Сите наши истакнати соработници и членови, уметници и музичари, медиуми, граѓани и претставници на невладиниот сектор ги покануваме да се вклучат во одбележувањето на Неделата на сестринството преку нашиот сајт со нивни креативни дела и видео честитки, што секако како поддршка во одбележувањето на јубилејот им значи многу на сите наши членови.

Честитките со хаштаг #НеделаНаСестринствотоЗаНас ќе бидат објавени на нашата веб страна www.zanas.mk како и на социјалните мрежи и телевизиите на кои ќе се говори за сестринството како хумана професија во текот на одбележувањето на Неделата на сестринството – се наведува во соопштението на здружението.