Неделна временска прогноза – Македонија

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која што во одделни котлини во северозападна и западна Македонија ќе се заджи и претпладне, додека пак во останатите предели ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер, кој попладне ќе преминува во североисточен и северозападен ветер. Температурите ќе бележат благо опаѓање, утринските ќе се движат во интервал од -6 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 0 односно до 9 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник во утринските часови појава на слаба магла а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Максималните температури од 2 до 11 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта опаѓање на температурите па одлична можност со љубов и вино да се згреете и прославите и двата празника, денот на вљубените и денот на винарите. Во среда и четврток по студеното утро во текот на денот сончево и потопло време. Утринските температури од -10 до -2 односно од -9 до -1 степен, додека пак максималните дневни ќе се движат од 5 до 14 степени во среда, односно од 6 до 14 степени во четврток. Во петок потопло утро со температури од -6 до 0 степени, а во текот на денот сончево и топло со температури од 8 до 15 степени.