Нема одлагање за Кочан за извршување на затворската казна

Сподели

 

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.

“Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.