Неработни денови за сите граѓани се 24 април и 8 мај

Сподели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради одржување на избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и истите нема да се одработуваат.