Вести Македонија Ударни вести

Николовски: Со проект на УНДП ќе се обноват метеоролошките и хидролошките станици

Сподели:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Управата за хидрометоролошки работи и Програмата за развој на Обединетите Нации.

Целта на проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион“ е да се реактивира и надгради системот на метеоролошки и хидролошки станици, како клучни за рана најава на поројни поплави и јавниот предупредувачки систем преку обновување на постоечките станици и воведување на нови локации за мониторинг.

Вкупната вредност на Проектот е половина милион евра.

„Искуството во нашата земја од поплавата во август 2015 година, што се случи во полошкиот регион, покажува дека во случај на поинтензивни врнежи во овој регион само за многу брз временски интервал се развиваат овие последиви и до животно загрозувачки состојби. Затоа, сеопфатниот мониторинг на метеоролошкиот и хидролошкиот развој треба да е поврзан со предупредувачки систем кој што ќе даде навремени информации и кои ќе бидат во насока на заштита на имотот на населението на производството“, изјави Николовски.

Проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион“ ќе овозможи навремено и точно информирање на граѓаните со важни информации кои се особено важни за земјоделците со цел да превземат или со време да реагираат за да ги ублажат загубите врз производството во полошкиот регион.

„Би сакал да потсетам, дека како ресорно министерство во насока на намалување на ефектите од поплави и други временски неприлики заедно со УХМР изминатиов период активно работевме на подобрување на метеоролошкиот систем во државата. Во 2018 година се реновирани 3 меторолошки станици во Демир Капија, Крива Паланка и во Штип. Дополнително минатата годиназаврши надградба нарадарскиот систем Ѓуриште, којшто не беше ставен во функција повеќе години, околу 4 години со што се овозможува квалитетен радарски мониторинг и навремено најавување на опасни временски појави“, додаде Николовски.
За оваа година МЗШВ обезбеди 3 милиони денари за реновирање на метеоролошките станици во Виница, Берово, Пожаране, Лазарополе, Охрид и Претор.

Сподели: