Вести Македонија

НИЗ СКОПЈЕ ЌЕ ВОЗИ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОБУС

Сподели:

 

Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар Партизански одреди и обратно. Во возилото може да се превезуваат до 85 патници.

По истекот на пробниот период овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат.

Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија.  Станува збор за енергетски ефикасен автобус што троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Најголемата предност е тоа што воопшто нема емисија на издувни гасови што го загадуваат воздухот – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на потпишувањето на договорот со Chariot Motors.

 

Сподели: