Вести Македонија

Нов протест на „Шарената револуција“, во среда во 19 часот пред СЈО

Сподели:

13453908_1622881158026989_304675786_n-860x670

Во среда во 19 часот пред Специјалното јавно обвинителство ќе се одржи протест на „Шарената револуција“, најави граѓанското движење на својата страница на „Фејсбук“.

„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори кои се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее. Затоа, протестираме против овој режим! Протестираме за да има правда! Протестираме за одбрана на СЈО! Протестираме во среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство! “, пишува во најавата за протестот.

Последниот протест на „Шарената револуција“ се одржа во петокот на 27 јуни. Тогаш активистите побараа Уставниот суд да се произнесе за СЈО, како и граѓанскиот сектор да биде вклучен во преговорите.

Сподели: