Нов веб портал за квалитет на воздухот на МЖСПП

Сподели:

Од денеска во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот на МЖСПП на кој што може да пристапите преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.

Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време, информираат од МЖСПП.

Новитет е тоа што истите се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 јули 2025 година. Веб страната има подобрени перформанси, подобрени анализи во делот на надминувања на граничните вредности во тековната година како и годишни анализи за претходни години.

Исто така е пуштена и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитет на воздух за Андроид и iOS чии што линкови за превземање може да ги најдете на веб страната.“

Сподели: