Нови 20 интервентни комбиња за ефикасно извршување на полициските задачи

Сподели

 

Денеска, (11.12.2023), во Полицискиот Центар Ѓорче Петров, беа промовирани 20 интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а кои се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа прилика истакна дека стратешката поставеност на Министерството за внатрешни работи ги донесе посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници.