Нови дојави за бомби во 19 скопски училишта и Судот во Охрид

Сподели

 

Денеска до 10.00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта во Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.