Нови фитнес игралишта во училиштата во Карпош

Сподели:

Општина Карпош продолжува со реализација на проекти и активности насочени кон унапредување на условите за образование, физичка активност и здрав развој на учениците преку модернизација на училишната инфраструктура.

Во таа насока, оваа година поставивме нови фитнес зони во три општински основни училишта: ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Вера Циривири Трена“ и ООУ „Аврам Писевски“. Во текот на следната година ќе бидат поставени фитнес зони и во останатите седум општински основни училишта.

Фитнес зоните се поставени на подлога од вештачка трева со површина од 60 м2 и опремени се со реквизити за безбедно користење на отворено, дизајнирани и наменети за вежби за развој и зајакнување на локомоторниот апарат кај учениците.

Средствата за реализација на оваа активност се предвидени во годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектите е компанијата Мегаспорт од Скопје, информираат од Општина Карпош.

Сподели: