Нови и реконструирани спортски терени на кејот на Вардар

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што  официјално започнува реконструкцијата на спортските терени. 

Проектот опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и современи фитнес зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации. Паралелно, ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало, како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и иднината на Скопје.

“Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.К ејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин. Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата. Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. 

Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје. Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни спортски терени во сите општини на град Скопје. Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее”, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели: