Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 2120 метри. Поставена е нова линија во населено место Илинден во вкупна должина од 180 метри и тоа на улиците „7“, „9“, „12“, и „30“, во Марино во должина од 150 метри на крак од улица „500“, во Кадино во должина од 200 метри на улица „7“, во населба Јака на дел од улица „6“ и „18“ во должина од 200 метри. Во населено место Ајватовци на краци на улица„1“ во должина од 220 метри, во Миладиновци на улица „2“ во должина од 130 метри, во Дељадровци на краци од улица „2“ во должина од 410 метри, во Бучинци со вкупна должина од 630 метри на улица „4“, детското игралиште и пешачката патека на Бучинско езеро.
Екипите на ЈКП „Илинден“ покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови.
Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден.
