Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денес во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. На работниот состанок се разговараше за поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање на општината Сарај, во реализацијата на повеќе проекти од областа на животната средина.
Имено, беше дискутирано за изнаоѓање на сеопфатно и одржливо решение во однос на управувањето со заштитеното подрачје на кањонот Матка, како и за докомплетирање на документацијата за реализација на предвидените активности за прочистување на коритата на реките Вардар и Треска.
Воедно, беа договорени и понатамошните активности за докомплетирање на потребната документација за поврзување на пречистителната станица во општината Сарај со водоводната мрежа.
На состанокот стана збор и за понатамошната поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на општина Сарај за реализација на проекти насочени кон подобрување на инфраструктурните услови во интерес на жителите, на општина Сарај и за заштита на животната средина.