О2 Иницијатива: Македонските граѓани дишат чист возух само 9 дена во годината

Сподели

Квалитетот на воздух во 2024 година, за PM2.5.

Воздух за заштита на здравјето на човекот од концентрациите на PM честички, ако го исклучиме Лазарополе, има најмногу еден и пол месец во годината и тоа само во Кочани и Миладиновци, од мерните места каде има податоци, потоа по половина месец во Охрид и на периферијата на Битола. На другите мерни места се движи помеѓу САМО 2 и 9 дена во годината, информираат од О2 Иницијатива, здружение со фокус на активности за намалување на загадувањето на воздухот, почвите, водите, регулирање на отпадот, заштита на природата, одбрана на јавниот интерес, зелено урбанистичко планирање, зголемување на транспарентноста на институциите, подобрување на законите, едукација.

Според нив, СИТЕ извори на аерозагадувањето потребно е да се сведат на минимум.

“Во Македонија има само 14 инспектори за животна средина а не 17, како што се верува, и невозможно е тие да ја контролираат целата држава. Тој исто така соопшти дека од 365 дена во Велес 135 дена загаденоста е над дозволеното ниво, односно секој третти ден граѓаните таму дишат токсичен воздух. За ваквите состојби тој ги обвини сите политички власти и партии во земјата бидејќи не презеле ништо да се смени состојбата, изразувајќи сомнеж дека Македонија воопшто имала еколошка политика надвор од таа на хартија”, изјави Игор Смилев од невладината Green Power Veles и додаде:

„Виновни се сите политички фактори за аерозагадувањето во Македонија. Виновни сте што дозволивте граѓаните да се задушуваат во најзагадената животна средина. Виновни се за непочитување на законите кои постојат, а не се спроведуваат. Виновни сте што не нѐ ослободивте од старите извори на енергија и што сте посветени и натаму на користењето јаглен. Виновни сте што, додека другите се движат кон обновливи извори и одат напред, ние останавме заглавени околу ова прашање“, порача Смилев. Според него, ништо што не значи повраток на пари не е цел на власта во Македонија.