Вести

Обама: Ова е најважниот НАТО-самит по Студената војна

Сподели:

7451340706_a4a0ee4604_z

Ова, веројатно, е најважниот момент во трансатлантската алијанса од завршувањето на Студената војна, напиша претседателот на САД, Барак Обама, во пресрет на дводневниот самит на НАТО во Варшава.

Во авторскиот текст за весникот „Фајненшл тајмс“, Обама пишува дека во терористичките напади на Исламска држава настрадале невини лица од Орландо до Париз, Брисел и до Истанбул. Тој потсети дека судирите што се водат од Африка, преку Сирија до Авганистан, создале бран бегалци кои бараат спас во Европа.

Американскиот претседател напоменува дека и агресијата на Русија врз Украина се „заканила на нивната визија за Европа, како целовита, слободна и мирнодопска“ и оти референдумот во Велика Британија постави значајно прашање за иднината на европската интеграција.

„Нашите народи на состанокот во Варшава мораат да смогнат политичка волја и да направат конкретни напори за да се зафатиме со горливите предизвици. Верувам дека можеме да го направиме тоа, но само ако бидеме обединети како искрени сојузници и партнери“, пишува американскиот претседател.

Обама смета дека ЕУ и Велика Британија ќе најдат начин да се договорат за премин кон новите односи и додава дека „специјалните односи“ меѓу САД и Британија нема да се менуваат.

meta.mk

Сподели: