Обама во Орландо: Терористичките напади не ги организираа терористичките ќелии

Сподели

thumbs_b_c_614115409b5534b0b08abeca57438a2d

ОРЛАНДО (АА) – Американскиот претседател Барак Обама, за време на посетата во Орландо, на состанокот со преживеаните и семејствата на жртвите од нападот во тој град, порача дека тие се „дел од американското семејство”, јавува Anadolu Agency (AA).

„Семејствата на жртвите на масакарот во Орландо би можеле да бидат семејства на било кој од нас. Болката на семејствата сигурно не може да се опише”, изјави Обама.

Тој истакна дека војската ќе стори повеќе на превенцијата на терористичките напади како неодамнешните напади во Орландо, Сан Бернардин и Калифорнија, нагласувајќи дека е потребно да се стори повеќе.

Додаде дека акцијата против ДАЕШ не е доволна за да се спречи терористичкиот напад, како тој рече на „осамените волци”.

„Ќе биде потребно уште нешто освен нашата војска во оваа борба”, истакна Обама.

Нагласи дека нападите не се организирани од страна на софистицирани терористички ќелии, туку, пореметени и нестабилни поединци.

Уште еднаш, повика на забрана на слободна продажба на огнено оружје во САД, велејќи дека нападот го извршил поединец кој поседувал смртоносно оружје.

На состанокот со Обама со преживеаните присуствуваше и претседателот на САД, Џоу Бајден.

Потсетуваме, во ноќта сабота спрема недела во ноќниот клуб во Орландо во сојузната американска држава Флорида, американскиот државјанин со потекло од Авганистан, Омар Матен (29), изврши крвав вооружен напад во кој уби 49, а рани 53 лица, а потоа е убиен во размена на оган со полицијата.

AA.COM.TR