Вести Македонија

Очекуваме многу поткуп, закани, притисоци, уцени од власта, истакна Мицкоски од Охрид

Сподели:

Власта ги изневери сите очекувања на граѓаните, не се реализирани ветувањата и немаат допир со реалноста во каква апатија се наоѓаат граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Кичево.

Најдобриот начин да се спротиставиме, рече Мицкоски, е да има масовна излезност на изборите.

Тие не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот. Не наседнувајте ниту на оние странични пораки кои ги пуштаат преку нивните платени мегафони дека сите сме исти, кога не сме, истакна Мицкоски.

Обвини дека власта ги потценува гласачите и мисли дека ги поседува гласовите на граѓаните. На власта, како што рече, и текнува за народот само пред избори.

Оваа борба мора да биде заедничка, Ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт, порача Мицкоски.

Додаде дека кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ им нудат на граѓаните реална и остварлива програма која содржи вкупно 14.835 проекти. Предвидени се повеќе од 2.000 асфалтирања на нови улици, градба и реконструкција на 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови.

Кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски вети социјален фонд во кој ќе се одвојуваат дел од примањата и хонорарите на градоначалникот и советниците. Фондот ќе биде наменет за лицата со посебни потреби.

За ова имам готови проекти, имам тим кој знае како и ветувам дека ако станам градоначалник чесно, макотрпно и беспоштедно ќе работам на остварување на мојата визија за сите луѓе, бидејќи сакам, можам и знам, рече Јовановски.

 

Сподели: