Вести Македонија Ударни вести

Од мај, 20 евра казна за неносење маска на јавни места од затворен тип

Сподели:

 

Граѓаните и компаниите кои што нема да ја почитуваат владината уредба за задолжително носење лична заштита на јавни места од 30 април, ризикуваат да добијат парични казни. Оние кои нема да ги почитуваат мерките за покривање на носот и устата ќе бидат казнети со парична казна во износ од 20 евра.

 

 

Оние компании кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените, можат да се соочат со глоба во висина од 2.000 евра, додека одговорното лице ќе треба да плати 1.000 евра, информираат од владината прес – служба.

Од владата посочуваат дека нареднава недела граѓаните и компаниите ќе добиваат само опомени, доколку не се придржуваат на мерките за носење на заштитна опрема. Покривањето на носот и устата е задолжително при движење на сите јавни места од затворен тип, како и на пазарите, отворените трговски центри, автобуските постојки и тесните улици како јавни места од отворен тип.

За надлежни за надзор на спроведувањето на одредбите од донесената владина уредба се определуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и тоа секој согласно со неговите надлежности утврдени со Закон.

Сподели: