Вести Македонија

Од Партијата на пензионери бараат итно формирање влада со некомпромитирани кадри

POPGM-620x360

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) бара неодложно и конкретно, а не декларативно дејствување за да се елиминираат сите можности за понатамошно опструирање на работата на СЈО и за оспорување на неговата уставност.

Од партијата велат дека ги подржуваат заложбите на учесниците на „Шарената револуција“, додека властите ги обвинуваат за упорно одложување на реформите предложени во извештајот на Прибе, само во функција на заштита на личните и на интересите на своите потесни раководства.

Од ПОПГМ бараат итно формирање влада составена од некомпромитирани кадри, во формат кој ќе гарантира нејзино соодветно постапување во постојните околности и кој ќе ѝ овозможи непречено да работи во правец на создавање основни услови, прифатливи и еднакви за сите, за организирање парламентарни избори како основен услов за надминување и за решавање на кризата.

„Бараме итно спроведување на медиумски реформи, неодложно департизирање на државниот апарат, формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за судење на предметите што ги води СЈО, како и задолжителна конфискација на средствата и на имотот кои се стекнати со криминално-коруптивни дејства“, се наведува во партиското соопштение.

http://meta.mk/od-partijata-na-penzioneri-baraat-itno-formirane-vlada-so-nekompromitirani-kadri/

Сподели: