Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ бензините поскапуваат за 1,5 денар

Сподели:

 

РЕК информира дека од полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 92,00 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98 94,00 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334%, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.

Сподели: