Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ дизелот поевтинува за 5 денари, а бензините за 3,5 и 4 денари

Сподели:

 

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат сите горива, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 5 денари за литар и ќе се продава по цена од 79,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари за литар и од полноќ на бензинските станици низ земјава ќе се продава за 77,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 4,50 денари за литар и ќе чини 77 денари, додека мазутот поевтинува за 2,115 денари за килограм и ќе чини 40,056 денари.

 

Сподели: