Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ ново поскапување на горивата

Сподели:

 

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 83 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 85 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 84 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 83,5 денари/литар
Мазут М-1 НС = 41,042 денари/килограм

Сподели: