Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ поевтинуваат бензините за 1,5 денар за литар

Сподели:

 

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе се намалат за 0,82 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука од 15 јули, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска се намалуваат за еден и пол денари за литар, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 101 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе може да се набави по 103 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво од 100 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар за литар и од ноќеска ќе може да се набави на бензинските пумпи по цена од 98,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,859 денари за килограм, па така Мазутот М-1 НС ќе се продава за 50,044 денари за килограм.

Сподели: